Нов Завет

Откровение 16:1-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. И чув од храмот висок глас како им вели на седумте ангели: „Одете, излејте ги седумте чаши со гне­вот Божји на земјата!“

2. И отиде првиот ангел и ја излеа чашата своја на земјата; и по луѓето, што го имаа белегот на ѕверот и се поклонуваа на неговата биста, се појавија лоши и лути рани.

3. И вториот ангел ја излеа чашата своја во морето: и тоа стана како крв од убиен човек; и сѐ живо изгина во морето.

4. Третиот ангел ја излеа чашата своја во реките и во изворите водни, и тие се претворија во крв.

5. Потоа го чув ангелот на водите како вели: „Праведен си, Господи, Кој си, Кој беше, Свет си, зашто така пресуди,

6. бидејќи тие пролеаја крв на светии и пророци, и Ти им даде да пијат крв – заслужуваат!“

7. И чув друг како зборува од жрт­ве­ни­кот: „Да, Господи Боже Седржителе, вистинити и праведни се Твоите пресуди!“

8. Четвртиот ангел ја излеа чашата своја врз сонцето; и му се даде да ги жа­ри луѓето со оган.

9. И силна жега ги опфати луѓето, и го похулија името на Бога Кој има власт над тие зла, и не се покајаа да Му оддадат слава.

Прочитајте целосна глава Откровение 16