1. Потоа видов: ете, Јагнето стои на гората Сион, и со Него сто четириесет и четири илјади, што го имаа на челата свои напишано името на Неговиот Отец.
2. И чув глас од небото како шум од многу води и како звук од силен гром; чув глас на харфисти што свират на харфите свои
3. и како да пеат нова песна пред престолот и пред четирите животни и старешините; и никој не можеше да ја научи таа песна, освен оние сто четириесет и четири илјади, кои беа откупени од земјата.