Нов Завет

Откровение 12:6-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

6. А жената побегна во пустина, каде што имаше приготвено место од Бога за да ја хранат таму илјада двесте и шеесет дена.

7. И настана војна на небото: Михаил и неговите ангели војуваа против змевот, а змевот и неговите ангели војуваа против нив;

8. но беа поразени, и за нив веќе не се најде место на небото.

9. И беше исфрлен големиот змев – старата змија, наречена ѓавол и сатана, која ја мами целата вселена, беше со­бо­рена на земјата, и заедно со неа и анге­лите нејзини беа исфрлени.

10. И чув висок глас на небото како зборува: „Сега настана спасението и си­лата и царството на нашиот Бог и власта на Неговиот Христос, бидејќи е симнат клеветникот на браќата наши, кој ги клеветеше пред нашиот Бог дење и ноќе.

11. Тие го победија со крвта на Јагнето и со словото на своето сведоштво и не се грижеа за животот свој дури до самата смрт.

12. Затоа веселете се, небеса, и вие, кои живеете на нив! Тешко вам, кои жи­ве­ете на земјата и морето, зашто ѓаволот слегол кај вас со голем гнев, бидејќи знае дека му останува малку време!“

13. А кога виде змевот дека е фрлен на земјата, почна да ја гони жената што го беше родила машкото дете.

14. И ѝ се дадоа на жената две крилја како на голем орел за да одлета во пустината на своето место, каде ќе се храни време, две времиња и половина време, далеку од лицето на змијата.

15. И змијата од устата своја испушти по жената вода како река, за да ја од­влече со реката.

Прочитајте целосна глава Откровение 12