Нов Завет

Откровение 12:10-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

10. И чув висок глас на небото како зборува: „Сега настана спасението и си­лата и царството на нашиот Бог и власта на Неговиот Христос, бидејќи е симнат клеветникот на браќата наши, кој ги клеветеше пред нашиот Бог дење и ноќе.

11. Тие го победија со крвта на Јагнето и со словото на своето сведоштво и не се грижеа за животот свој дури до самата смрт.

12. Затоа веселете се, небеса, и вие, кои живеете на нив! Тешко вам, кои жи­ве­ете на земјата и морето, зашто ѓаволот слегол кај вас со голем гнев, бидејќи знае дека му останува малку време!“

13. А кога виде змевот дека е фрлен на земјата, почна да ја гони жената што го беше родила машкото дете.

14. И ѝ се дадоа на жената две крилја како на голем орел за да одлета во пустината на своето место, каде ќе се храни време, две времиња и половина време, далеку од лицето на змијата.

15. И змијата од устата своја испушти по жената вода како река, за да ја од­влече со реката.

16. Но земјата ѝ помогна на жената: ја отвори земјата устата своја и ја проголта реката што ја беше испуштил змевот од устата своја.

17. И се разлути змевот на жената и отиде да војува со другите од семето нејзино што ги пазат Божјите заповеди и го имаат сведоштвото на Исус Хрис­тос.

18. И застана на морскиот песочен брег.

Прочитајте целосна глава Откровение 12