Нов Завет

Матеј 9:7-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

7. И тој стана, ја зеде постелата своја и си отиде дома.

8. А народот кога го виде тоа, се восхити и Го прослави Бога, Кој им даде таква власт на луѓето.

9. А заминувајќи оттаму, Исус виде еден човек, по име Матеј, како седи во царинарницата и му рече: „Врви по Мене!“ И тој стана и тргна по Него.

10. И кога седеше Исус на трпеза дома, одеднаш мнозина цариници и грешници дојдоа и седнаа до Него и до учениците Негови.

Прочитајте целосна глава Матеј 9