Нов Завет

Матеј 9:3-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

3. Тогаш некои од книжниците си рекоа во себе: „Овој богохулствува!“

4. А Исус штом ги разбра нивните мисли, им рече: „Зошто мислите лошо во срцата ваши?

5. Што е полесно да се каже: ‚Ти се простуваат гревовите!‘ или да се каже: ‚Стани и оди!?‘

6. Но да знаете дека Синот Човечки има власт на земјата да проштева гревови.“ Тогаш му рече на фатениот: „Стани, земи си ја постелата и оди си дома!“

7. И тој стана, ја зеде постелата своја и си отиде дома.

8. А народот кога го виде тоа, се восхити и Го прослави Бога, Кој им даде таква власт на луѓето.

9. А заминувајќи оттаму, Исус виде еден човек, по име Матеј, како седи во царинарницата и му рече: „Врви по Мене!“ И тој стана и тргна по Него.

10. И кога седеше Исус на трпеза дома, одеднаш мнозина цариници и грешници дојдоа и седнаа до Него и до учениците Негови.

11. Но штом го видоа тоа фарисеите, им рекоа на учениците Негови: „Зошто вашиот Учител јаде и пие со цариници и грешници?“

12. А Исус, кога го чу тоа, им рече: „Здравите немаат потреба од лекар, туку болните;

Прочитајте целосна глава Матеј 9