Нов Завет

Матеј 9:18-26 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

18. Додека Тој им говореше за тоа, ете еден началник пријде до Него, Му се поклонуваше и велеше: „Ќерка ми штотуку умре; туку дојди, положи ја раката Своја над неа и таа ќе оживее.“

19. И како стана Исус, тргна по него, заедно со учениците Свои;

20. и ете, една жена, која боледуваше дванаесет години од крвотечение, се приближи одзади и се допре до крајот на облеката Негова.

21. Зашто си велеше: „Само ако се допрам до облеката Негова, ќе оздравам.“

22. А Исус штом се заврти и ја виде, рече: „Не плаши се, ќерко, верата твоја те спаси!“ И оздраве жената во тој час.

23. И кога дојде Исус во куќата на началникот и ги виде свирачите и народот вознемирени,

24. им рече: „Излезете надвор, зашто девојката не е умрена, туку спие.“ А тие Му се потсмеваа.

25. Но штом го истера народот, Тој влезе, ја фати девојката за рака и таа стана.

26. И се расчу тоа по целата таа земја.

Прочитајте целосна глава Матеј 9