Нов Завет

Матеј 7:12-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

12. Значи, сѐ она што сакате да ви прават луѓето, правете им го и вие; зашто тоа е Законот и Пророците.“

13. „Влезете низ тесната врата; зашто широки се вратите и широк е патот што води кон пропаст, и мнозина минуваат низ нив;

14. а тесни се вратите и тесен е патот што водат кон животот, и малкумина го наоѓаат.“

15. „Пазете се од лажните пророци, кои доаѓаат кај вас во овча кожа, а одвнатре се волци грабливи.

16. По нивните плодови ќе ги познаете. Се бере ли грозје од трње, или смокви од чичка?

Прочитајте целосна глава Матеј 7