Нов Завет

Матеј 25:17-27 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

17. и исто така и оној што зеде два таланта, спечали други два;

18. а оној, што доби еден талант, отиде и го закопа в земја и така ги сокри парите на својот господар.

19. По долго време дојде господарот на овие слуги и побара да му поднесат сметка.

20. И кога пристапи оној што беше примил пет таланти, донесе уште пет таланти и рече: ‚Господаре, ти ми предаде пет таланти; ете, со нив спечалив уште пет таланти.‘

21. Господарот негов му рече: ‚Убаво, добар и верен слуго! Во малку беше верен, над многу ќе те поставам; влези во радоста на својот господар!‘

22. Му пристапи и оној што беше примил два таланта и рече: ‚Господаре, ти ми предаде два таланта, еве, со нив спечалив уште два таланта.‘

23. Господарот му рече: ‚Убаво, добар и верен слуго! Во малку беше верен, над многу ќе те поставам; сподели ја радоста со својот господар!‘

24. Му пристапи и оној што беше зел еден талант и рече: ‚Господаре, те знаев дека си жесток човек: жнееш каде што не си сеел, и собираш каде што не си веел,

25. па се уплашив и отидов, и го сокрив твојот талант в земја; ете ти го твоето.‘

26. А господарот му одговори и рече: ‚Зол и мрзлив слуго! Ако си знаел дека жнеам, каде што не сум сеел, и собирам каде што не сум веел,

27. требаше моите пари да им ги дадеш на трговците, па кога ќе дојдам да си го приберам своето со добивка;

Прочитајте целосна глава Матеј 25