Нов Завет

Матеј 16:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Тогаш пристапија фарисеите и садукеите и, искушувајќи Го, побараа да им покаже знак од небото.

2. Тој, одговарајќи им, рече: „Навечер велите: ‚ќе биде ведро, зашто небото е црвено‘;

3. а наутро: ‚денес ќе има невреме, зашто небото е црвено и матно.‘ Лицемери, изгледот на небото умеете да го распознавате, а знаците на времињата не можете?

4. Род лукав и прељуботворен бара знак, но знак нема да му се даде освен знакот на пророкот Јона.“ Па, откако ги остави, си замина.

Прочитајте целосна глава Матеј 16