Нов Завет

Матеј 12:8-23 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

8. Зашто Синот Човечки е господар и на саботата.“

9. И штом замина оттаму, дојде во синагогата нивна.

10. И ете, таму беше еден човек, кој имаше исушена рака. И за да Го обвинат, Го прашаа, велејќи: „Допуштено ли е во сабота да се лекува?“

11. А Тој им рече: „Кој е тој од вас, ако има една овца и таа падне во сабота во јама, што не ќе ја прифати и извади?

12. А колку ли, пак, човекот е поскап од една овца!? И така во сабота е допуштено да се прави добро.“

13. Тогаш му рече на човекот: „Испружи ја раката!“ И тој ја испружи. И таа стана здрава како и другата.

14. А фарисеите, штом излегоа, се договорија како да Го погубат. Но Исус кога разбра, замина оттаму.

15. И по него одеше многу народ и Тој ги исцели сите.

16. И им забрани да разгласуваат за Него.

17. За да се исполни кажаното преку пророкот Исаија, кој вели:

18. „Ете Го слугата Мој; Него Го избрав, Мојот возљубен, Којшто е по благоволението на Мојата душа. Ќе го положам Духот Свој над Него и на народите ќе им објави суд;

19. Нема да се кара, ниту ќе вика, и никој нема да го чуе гласот Негов по крстопатите.

20. Трските прекршени нема да ги докрши, ниту светилата кои тлеат ќе ги угасне, додека не го доведе судот до победа.

21. И во Неговото име народите ќе се надеваат.“

22. Тогаш доведоа кај Него еден бесомачен, кој беше слеп и нем; и го излекува, така што слепонемиот прогледа и проговори.

23. И сиот народ се чудеше и велеше: „Не е ли Овој Христос, синот Давидов?“

Прочитајте целосна глава Матеј 12