Нов Завет

Матеј 12:20-33 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

20. Трските прекршени нема да ги докрши, ниту светилата кои тлеат ќе ги угасне, додека не го доведе судот до победа.

21. И во Неговото име народите ќе се надеваат.“

22. Тогаш доведоа кај Него еден бесомачен, кој беше слеп и нем; и го излекува, така што слепонемиот прогледа и проговори.

23. И сиот народ се чудеше и велеше: „Не е ли Овој Христос, синот Давидов?“

24. А фарисеите, штом го чуја тоа, рекоа: „Тој не ги истерува демоните на друг начин освен преку Велзевул, началникот на демоните!“

25. Но Исус, знаејќи ги нивните помисли, им рече: „Секое царство, ако се раздели самото против себе, запустува; и секој град или дом, ако се раздели самиот против себе, ќе пропадне.

26. И ако сатаната изгонува сатана, тој се разделил сам против себе; тогаш како може да опстане царството негово?

27. И ако Јас ги истерувам демоните преку Велзевул, синовите ваши, преку кого ги изгонуваат? Затоа тие ќе ви бидат судии.

28. Ако, пак, Јас истерувам демони со Духот Божји, тоа значи дека до вас дошло царството Божјо.

29. Или, како може да влезе некој во куќата на силен човек и да му ја плени покуќнината, ако најнапред не го врзе силниот, па дури тогаш да му ја ограби куќата?

30. Кој не е со Мене, против Мене е; и кој не собира со Мене, тој растура.

31. Затоа ви велам: секој грев и хула ќе им се прости на луѓето, но хулата против Светиот Дух нема да им се прости на луѓето.

32. И ако некој каже збор против Синот Човечки, ќе му се прости; но ако каже нешто против Светиот Дух, нема да му се прости ниту на овој век, ниту на идниот.“

33. „Или, ако насадите добро дрво и плодот ќе му биде добар; а ако насадите лошо дрво и плодот ќе му биде лош; зашто по плодот се познава дрвото.

Прочитајте целосна глава Матеј 12