Нов Завет

Матеј 11:5-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

5. слепи прогледуваат и сакати проодуваат; лепрозни се очистуваат и глуви прослушуваат; мртви воскреснуваат и на сиромашните им се проповеда Евангелието.

6. И блажен е оној што не се соблазнува поради Мене.“

7. А кога си отидоа овие, Исус почна да му зборува на народот за Јован: „Што сте излегле да видите во пустината? Трска ли, што се лулее од ветрот?

8. Но, што излеговте да видите? Човек ли, облечен во меки алишта? Ете, оние што носат меки алишта, по царски палати се.

9. Па, што излеговте да видите? Пророк ли? Да, ви велам, и повеќе од пророк!

10. Зашто тој е оној за кого е напишано: ‚Ете, Јас го праќам Мојот ангел пред лицето Твое, кој ќе го приготви патот Твој пред Тебе.‘

11. Вистина ви велам: меѓу родените од жена не се јавил поголем од Јован Крстител, но најмалиот во царството небесно е поголем од него!

12. А од деновите на Јован Крстител па до сега, царството небесно со напор се освојува и силните го грабаат,

13. зашто сите Пророци и Законот пророкувале до Јован.

14. И, ако сакате да прифатите, тој е Илија, кој треба да дојде.

15. Кој има уши да слуша, нека чуе!“

Прочитајте целосна глава Матеј 11