Нов Завет

Матеј 11:1-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. И кога ги заврши Исус овие заповеди кон дванаесетте Свои ученици, замина оттаму за да поучува и да проповеда по нивните градови.

2. А Јован, штом чу во затворот за Христовите дела, испрати двајца од своите ученици

3. и му рече: „Ти ли си Оној што треба да дојде или да чекаме друг?“

4. Исус им одговори и рече: „Одете и кажете му на Јован што слушате и што гледате:

5. слепи прогледуваат и сакати проодуваат; лепрозни се очистуваат и глуви прослушуваат; мртви воскреснуваат и на сиромашните им се проповеда Евангелието.

6. И блажен е оној што не се соблазнува поради Мене.“

7. А кога си отидоа овие, Исус почна да му зборува на народот за Јован: „Што сте излегле да видите во пустината? Трска ли, што се лулее од ветрот?

8. Но, што излеговте да видите? Човек ли, облечен во меки алишта? Ете, оние што носат меки алишта, по царски палати се.

9. Па, што излеговте да видите? Пророк ли? Да, ви велам, и повеќе од пророк!

10. Зашто тој е оној за кого е напишано: ‚Ете, Јас го праќам Мојот ангел пред лицето Твое, кој ќе го приготви патот Твој пред Тебе.‘

Прочитајте целосна глава Матеј 11