Нов Завет

Матеј 10:7-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

7. И одејќи, проповедајте и кажувајте дека се приближи царството небесно;

8. болни лекувајте, лепрозни очистувајте, мртви воскреснувајте, демони изгонувајте! Бесплатно добивте, бесплатно давајте!

9. Не носете во појасите ваши ниту злато, ниту сребро, ниту бакар,

10. ниту торба за пат, ниту двојни алишта, ниту обувки, ниту стап; зашто работникот ја заслужува својата прехрана!

11. А штом влезете во некој град или село, распрашајте кој е во него достоен, и таму останете додека не си отидете.

12. И кога ќе влезете во куќата, поздравете ја говорејќи: ‚Мир во овој дом!‘

13. И ако куќата биде достојна, вашиот мир ќе дојде на неа; ако ли не е достојна, тогаш вашиот мир ќе се врати кај вас!

14. Ако, пак, некој не ве прими и не ги послуша зборовите ваши, излезете од таа куќа или од тој град и истресете го правот од нозете ваши!

15. Вистина ви велам: полесно ќе ѝ биде на земјата содомска и гоморска во судниот ден отколку на тој град!“

16. „Ете, Јас ве праќам како овци меѓу волци: бидете мудри како змии и незлобни како гулаби.

17. Пазете се од луѓето, зашто тие ќе ве предадат на судовите и по синагогите нивни ќе ве тепаат.

18. И ќе ве одведат пред управници и цареви заради Мене, за сведоштво пред нив и пред незнабошците.

Прочитајте целосна глава Матеј 10