Нов Завет

Матеј 10:24-27 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

24. Нема ученик поголем од својот учител, ниту слуга – поголем од својот господар;

25. Доста е за ученикот да биде како неговиот учител и на слугата како неговиот господар. Ако стопанот на куќата го нарекле Велзевул, тогаш колку повеќе неговите домашни!?“

26. „И така, не плашете се од нив; зашто нема ништо сокриено што не ќе се открие, или тајно, што нема да се дознае.

27. Тоа што ви го говорам во темнина, кажете го на видело; и она што ви се шепоти, разгласувајте го од покривите!

Прочитајте целосна глава Матеј 10