Нов Завет

Матеј 10:15-27 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

15. Вистина ви велам: полесно ќе ѝ биде на земјата содомска и гоморска во судниот ден отколку на тој град!“

16. „Ете, Јас ве праќам како овци меѓу волци: бидете мудри како змии и незлобни како гулаби.

17. Пазете се од луѓето, зашто тие ќе ве предадат на судовите и по синагогите нивни ќе ве тепаат.

18. И ќе ве одведат пред управници и цареви заради Мене, за сведоштво пред нив и пред незнабошците.

19. Кога ќе ве предадат, не грижете се како или што ќе зборувате, зашто во тој час ќе ви биде дадено што да кажете.

20. Бидејќи не сте вие што ќе говорите, туку Духот на вашиот Отец ќе говори преку вас.

21. И ќе предаде брат брата си на смрт, и татко – чедото свое; и ќе станат деца против родителите и ќе ги убијат;

22. и ќе бидете намразени од сите заради Моето име, но, кој претрпи до крај, тој ќе биде спасен.

23. Ако ве бркаат од еден град, бегајте во друг. Зашто, вистина, ви велам: нема да ги обиколите израилевите градови додека дојде Синот Човечки.

24. Нема ученик поголем од својот учител, ниту слуга – поголем од својот господар;

25. Доста е за ученикот да биде како неговиот учител и на слугата како неговиот господар. Ако стопанот на куќата го нарекле Велзевул, тогаш колку повеќе неговите домашни!?“

26. „И така, не плашете се од нив; зашто нема ништо сокриено што не ќе се открие, или тајно, што нема да се дознае.

27. Тоа што ви го говорам во темнина, кажете го на видело; и она што ви се шепоти, разгласувајте го од покривите!

Прочитајте целосна глава Матеј 10