Нов Завет

Матеј 10:10-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

10. ниту торба за пат, ниту двојни алишта, ниту обувки, ниту стап; зашто работникот ја заслужува својата прехрана!

11. А штом влезете во некој град или село, распрашајте кој е во него достоен, и таму останете додека не си отидете.

12. И кога ќе влезете во куќата, поздравете ја говорејќи: ‚Мир во овој дом!‘

13. И ако куќата биде достојна, вашиот мир ќе дојде на неа; ако ли не е достојна, тогаш вашиот мир ќе се врати кај вас!

14. Ако, пак, некој не ве прими и не ги послуша зборовите ваши, излезете од таа куќа или од тој град и истресете го правот од нозете ваши!

15. Вистина ви велам: полесно ќе ѝ биде на земјата содомска и гоморска во судниот ден отколку на тој град!“

16. „Ете, Јас ве праќам како овци меѓу волци: бидете мудри како змии и незлобни како гулаби.

17. Пазете се од луѓето, зашто тие ќе ве предадат на судовите и по синагогите нивни ќе ве тепаат.

Прочитајте целосна глава Матеј 10