45. И веднаш ги натера учениците Свои да влезат во кораб и да отидат порано од Него на другата страна кон Витсаида, дури Тој не го распушти народот.
46. А Тој, одделувајќи се од нив, отиде во гората за да се помоли.
47. Приквечер коработ беше сред морето, а Тој сам на копното.
48. И ги виде како се мачат при пловењето, зашто ветрот им беше спротивен; а околу четвртата ноќна стража се приближи до нив и, одејќи по морето, сакаше само да помине покрај нив.
49. А тие, кога го видоа како оди по морето, помислија дека е тоа привидение, и почнаа да викаат;
50. Зашто сите Го видоа и се уплашија. Тој веднаш почна да говори со нив и им рече: „Не плашете се! Јас сум, не бојте се!“
51. И влезе кај нив во коработ и ветрот стивна. А тие беа силно запрепастени во себе и зачудени.
52. Зашто не го сфатија чудото со лебовите, бидејќи срцето им беше скаменето.
53. И кога преминаа, дојдоа во земјата Генисаретска и се задржаа таму.
54. А штом излегоа од коработ, веднаш Го познаа.
55. Брзо ја обиколија целата таа околија и почнаа на носилки да носат болни таму, каде што слушаа дека Тој се наоѓа.
56. И каде да влегуваше: во цела, во градови или населби – на крстопатите полагаа болни и Го молеа да се допрат барем до полата од облеката Негова. И сите што се допираа до Него, оздравуваа.