Нов Завет

Марко 6:17-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

17. Бидејќи сам Ирод прати да го фатат Јован, го врза и го фрли во затвор, заради Иродијада, жената на брат му Фи­лип, зашто се ожени со неа.

18. Бидејќи Јован му велеше на Ирод: „Не ти е дозволено да ја имаш жената на твојот брат!“

19. А Иродијада се озлоби против него и сакаше да го убие, но не можеше.

20. Зашто Ирод се плашеше од Јован, знаејќи дека е тој човек праведен и свет и го пазеше; многу работи вршеше откако ќе го слушне, а со задоволство го слу­ша­ше.

Прочитајте целосна глава Марко 6