Нов Завет

Марко 3:8-22 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

8. од Ерусалим и од Идумеја и отаде Јордан. И од Тир и Сидон, откако чу­ја какви дела врши, во голем број дојдоа кај Него.

9. И им порача на учениците Свои да Му приготват кораб, поради народот, за да не Го туркаат;

10. зашто мнозина беше излекувал, та­ка што сите, кои беа болни, навалуваа кон Него за да се допрат до Него.

11. И нечистите духови, штом ќе Го ви­деа, паѓаа пред Него, викаа и говореа: „Ти си Син Божји!“

12. Но Тој строго им забрануваше да разгласуваат за Него.

13. Потоа се искачи на гората и ги по­вика кај Себе оние, кои Сам ги одбра и тие дојдоа кај Него.

14. Избра дванаесетмина да бидат со Него и да ги праќа да проповедаат;

15. и да имаат власт да лекуваат бо­лес­ти и да изгонуваат демони:

16. Симон, на кого му даде име Пе­тар;

17. па Јаков Заведеев и брат му Јован, на кои им даде име Воанергес, што зна­чи, синови на громот;

18. потоа Андреј, Филип, Вартоломеј, Матеј, Тома, Јаков Алфеев, Тадеј, Симон Кананит

19. и Јуда Искариотски, кој и Го предаде.

20. И дојдоа в куќи; и пак се собра на­род, така што тие не можеа ниту леб да јадат.

21. И кога чуја Неговите, отидоа да Го приберат, зашто се говореше дека не бил на Себеси.

22. А книжниците, што беа слегнале од Ерусалим, велеа дека во Него е Вел­зе­вул и дека демоните ги истерува со силата на заповедникот на демоните.

Прочитајте целосна глава Марко 3