Нов Завет

Марко 14:7-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

7. Сиромасите секогаш ги имате со вас и кога сакате, можете да им направите добро; но Мене Ме немате секогаш.

8. Тоа што можеше, таа го направи: однапред го помаза телото Мое за пог­ребение.

9. Вистина ви велам: каде и да се про­поведа ова Евангелие, по целиот свет ќе се прикажува за нејзин спомен и тоа, што го направи таа.“

10. Тогаш Јуда Искариотски, еден од дванаесетмината, отиде кај прво­свеш­те­ни­ци­те за да им Го предаде.

11. А тие, штом чуја, се зарадуваа и ве­тија да му дадат пари. И бараше погодно време за да Го предаде.

12. Во првиот ден на Бесквасници, кога го колеа Пасхалното јагне, учениците Негови Му рекоа: „Каде сакаш да отидеме и да приготвиме, за да ја јадеш Пасхата?“

13. И прати двајца од учениците Свои, па им рече: „Отидете в град; и ќе ве срет­­не еден човек, што ќе носи стомна со вода; одете по него.

14. И каде што ќе влезе тој, кажете му на домаќинот: ‚Учителот прашува: каде е собата, во која ќе ја јадам Пасхата со учениците Свои?‘

15. И тој ќе ви покаже голема соба, послана, приготвена; таму згответе ни.“

16. И излегоа учениците Негови и дојдоа во градот, и најдоа како што им бе­ше рекол, па ја приготвија Пасхата.

17. А кога се стемни, Тој дојде со два­наесетмината.

18. И кога седеа на трпезата и јадеа, Исус им рече: „Вистина ви велам: еден од вас, што јаде со Мене, ќе Ме пре­даде.“

19. Тие се разжалостија и почнаа еден по друг да прашуваат: „Да не сум јас?“

20. А Тој им одговори и рече: „Еден од дванаесетмината е, што мака со Мене во чи­нијата.

Прочитајте целосна глава Марко 14