Нов Завет

Марко 14:61-70 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

61. Но Тој молчеше и ништо не одгова­раше. Првосвештеникот пак Го праша и Му рече: „Ти ли си Христос, Синот на Благословениот?“

62. Исус рече: „Јас сум; и ќе Го видите Синот Човечки како седи од десната страна на Силата и како доаѓа на обла­ци­те небески.“

63. А првосвештеникот ја раскина облеката своја и рече: „Зошто ни се по­веќе сведоци?

64. Чувте како хули на Бога; што мис­ли­те?“ И сите тие Го осудија дека зас­лужува смрт.

65. А некои почнаа да плукаат на Него, да Му го покриваат лицето, да Го уди­ра­ат и да Му велат: „Проречи!“ И слу­гите Го удираа по образите.

66. Кога Петар беше долу во дворот, дојде една од слугинките на прво­свеш­теникот,

67. па, штом го виде Петар како се грее, го погледна и рече: „И ти бе­ше со Исус од Назарет.“

68. Но тој одрече, велејќи: „Не знам, ниту разбирам што говориш.“ И излезе надвор пред дворот и запеа петел.

69. Слугинката, кога го виде повторно, почна да им зборува на оние што стоеја таму: „И овој е од нив!“

70. Тој пак одрече. Подоцна, оние, што стоеја таму, му рекоа на Петар: „На­вис­тина, и ти си од нив; бидејќи си Га­ли­ле­ец, а и говорот ти е таков!“

Прочитајте целосна глава Марко 14