Нов Завет

Марко 14:33-42 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

33. И ги зеде со Себе Петар, Јаков и Јован; се замисли и почна да тагува,

34. па им рече: „Душата Ми е до смрт нажалена; останете тука и бидете будни!“

35. И штом се оддалечи малку, падна на земја и се молеше, за да Го одмине часот, ако е можно;

36. и велеше: „Ава, Оче! Сѐ е можно за Тебе; отклони ја од Мене оваа чаша; се­пак не како Јас што сакам, туку како Ти!“

37. Па дојде и ги затече да спијат, и му рече на Петар: „Симоне, спиеш ли? Не можеше ли еден час да бидеш буден?

38. Бидете будни и молете се да не пад­не­те во искушение: зашто духот е бодар, но телото е слабо.“

39. И пак отиде и се помоли, изгова­рај­ќи ги истите оние зборови.

40. А кога се врати, ги најде пак како спијат, зашто очите им беа натежнале; и не знаеја што да Му одговорат.

41. И по третпат дојде и им рече: „Са­мо спиете и почивате! Доста, дојде часот; еве, се предава Синот Човечки во рацете на грешници.

42. Станете, да одиме! Еве, наближи оној што Ме предава.“

Прочитајте целосна глава Марко 14