Нов Завет

Марко 14:28-39 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

28. А по воскресението Мое ќе отидам пред вас во Галилеја.“

29. А Петар Му рече: „Дури и сите да се соблазнат, јас не!“

30. И му рече Исус: „Вистина, ти велам дека уште денес, во оваа ноќ, пред да запее петел двапати, ти трипати ќе се откажеш од Мене!“

31. Но тој уште поодлучно говореше: „Ако треба дури и да умрам со Тебе, нема да се одречам од Тебе.“ И сите истото го рекоа.

32. Пристигнаа во пределот, по име Гетсиманија; и им рече на учениците Свои: „Седете овде, додека отидам да се помолам!“

33. И ги зеде со Себе Петар, Јаков и Јован; се замисли и почна да тагува,

34. па им рече: „Душата Ми е до смрт нажалена; останете тука и бидете будни!“

35. И штом се оддалечи малку, падна на земја и се молеше, за да Го одмине часот, ако е можно;

36. и велеше: „Ава, Оче! Сѐ е можно за Тебе; отклони ја од Мене оваа чаша; се­пак не како Јас што сакам, туку како Ти!“

37. Па дојде и ги затече да спијат, и му рече на Петар: „Симоне, спиеш ли? Не можеше ли еден час да бидеш буден?

38. Бидете будни и молете се да не пад­не­те во искушение: зашто духот е бодар, но телото е слабо.“

39. И пак отиде и се помоли, изгова­рај­ќи ги истите оние зборови.

Прочитајте целосна глава Марко 14