Нов Завет

Марко 14:20-35 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

20. А Тој им одговори и рече: „Еден од дванаесетмината е, што мака со Мене во чи­нијата.

21. Но Синот Човечки заминува, како што е пишано за Него. Само тешко му на оној човек, преку кого Синот Чо­веч­ки ќе биде предаден; подобро ќе беше за тој човек, да не се беше родил!“

22. И кога јадеа, зеде Исус леб, го бла­гослови, го прекрши, па им даде и рече: „Земете, јадете; ова е Моето тело.“

23. Потоа ја зеде чашата, заблагодари и им ја даде; и се напија од неа сите.

24. И им рече: „Ова е Мојата крв на Новиот завет, која се пролива за мнозина.

25. Вистина ви велам: нема да пијам веќе од лозовиот плод, сѐ до оној ден, кога ќе пијам нов во царството Божјо.“

26. Па, откако испеаја благодарствена песна, се искачија на Маслиновата Го­ра.

27. И им рече Исус: „Сите ќе се соб­лаз­ните заради Мене во оваа ноќ, зашто е напишано: ‚Ќе го удрам пастирот и ќе се разбегаат овците.‘

28. А по воскресението Мое ќе отидам пред вас во Галилеја.“

29. А Петар Му рече: „Дури и сите да се соблазнат, јас не!“

30. И му рече Исус: „Вистина, ти велам дека уште денес, во оваа ноќ, пред да запее петел двапати, ти трипати ќе се откажеш од Мене!“

31. Но тој уште поодлучно говореше: „Ако треба дури и да умрам со Тебе, нема да се одречам од Тебе.“ И сите истото го рекоа.

32. Пристигнаа во пределот, по име Гетсиманија; и им рече на учениците Свои: „Седете овде, додека отидам да се помолам!“

33. И ги зеде со Себе Петар, Јаков и Јован; се замисли и почна да тагува,

34. па им рече: „Душата Ми е до смрт нажалена; останете тука и бидете будни!“

35. И штом се оддалечи малку, падна на земја и се молеше, за да Го одмине часот, ако е можно;

Прочитајте целосна глава Марко 14