Нов Завет

Марко 14:1-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. По два дни беше Пасха и праз­никот Бесквасници. А прво­свеш­тениците и книжниците сакаа да Го фа­тат на измама и да Го убијат;

2. но велеа: „Не на празникот, за да не стане бунт меѓу луѓето.“

3. А кога Тој беше во Витанија, во ку­ќата на Симон Лепрозниот, и седеше на трпеза, дојде една жена со алабастерен сад со скапоцено и чисто нардово миро и, кога го искрши садот, го изли мирото врз главата Негова.

4. А некои негодуваа во себе и говореа: „Зошто мирото да се растура?

5. Тоа можеше да се продаде за повеќе од триста денарии, и да им се раздадат на сиромасите.“ И негодуваа против неа.

6. Но Исус рече: „Оставете ја неа; зошто ја буните? Таа направи добро де­ло кон Мене!

7. Сиромасите секогаш ги имате со вас и кога сакате, можете да им направите добро; но Мене Ме немате секогаш.

8. Тоа што можеше, таа го направи: однапред го помаза телото Мое за пог­ребение.

9. Вистина ви велам: каде и да се про­поведа ова Евангелие, по целиот свет ќе се прикажува за нејзин спомен и тоа, што го направи таа.“

Прочитајте целосна глава Марко 14