Нов Завет

Марко 14:1-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. По два дни беше Пасха и праз­никот Бесквасници. А прво­свеш­тениците и книжниците сакаа да Го фа­тат на измама и да Го убијат;

2. но велеа: „Не на празникот, за да не стане бунт меѓу луѓето.“

3. А кога Тој беше во Витанија, во ку­ќата на Симон Лепрозниот, и седеше на трпеза, дојде една жена со алабастерен сад со скапоцено и чисто нардово миро и, кога го искрши садот, го изли мирото врз главата Негова.

4. А некои негодуваа во себе и говореа: „Зошто мирото да се растура?

5. Тоа можеше да се продаде за повеќе од триста денарии, и да им се раздадат на сиромасите.“ И негодуваа против неа.

6. Но Исус рече: „Оставете ја неа; зошто ја буните? Таа направи добро де­ло кон Мене!

7. Сиромасите секогаш ги имате со вас и кога сакате, можете да им направите добро; но Мене Ме немате секогаш.

8. Тоа што можеше, таа го направи: однапред го помаза телото Мое за пог­ребение.

9. Вистина ви велам: каде и да се про­поведа ова Евангелие, по целиот свет ќе се прикажува за нејзин спомен и тоа, што го направи таа.“

10. Тогаш Јуда Искариотски, еден од дванаесетмината, отиде кај прво­свеш­те­ни­ци­те за да им Го предаде.

11. А тие, штом чуја, се зарадуваа и ве­тија да му дадат пари. И бараше погодно време за да Го предаде.

12. Во првиот ден на Бесквасници, кога го колеа Пасхалното јагне, учениците Негови Му рекоа: „Каде сакаш да отидеме и да приготвиме, за да ја јадеш Пасхата?“

13. И прати двајца од учениците Свои, па им рече: „Отидете в град; и ќе ве срет­­не еден човек, што ќе носи стомна со вода; одете по него.

Прочитајте целосна глава Марко 14