Нов Завет

Марко 12:24-33 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

24. А Исус им одговори и рече: „Зар не се лажете, бидејќи не ги познавате ниту Писмата, ниту силата Божја?

25. Зашто, кога ќе воскреснат од мртвите, ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат, туку се како ангели на не­бесата.

26. А за мртвите, дека ќе воскреснат, не сте ли читале во книгите на Мојсеј, како му рече Бог кај капината, велејќи: ‚Јас сум Бог Авраамов, и Бог Исаков, и Бог Ја­ковов‘?

27. Но Тој не е Бог на мртвите, туку Бог на живите. Вие, пак, многу се ла­жете!“

28. Тогаш пристапи еден од книж­ни­ците, кој ги слушаше како се препираат и откако виде дека Исус им одговараше добро, Го запраша: „Која е прва од сите заповеди?“

29. А Исус му одговори: „Прва од сите заповеди е: ‚Чуј Израиле! Господ, Бог наш, е еден Господ.

30. Затоа, возљуби Го Господа, твојот Бог, со сето свое срце и со сета своја душа, и со сиот свој разум, и со сета своја сила!‘ Ова е првата заповед.

31. А втората е слична на неа: ‚Возљуби го својот ближен како себеси!‘ Друга за­по­вед, поголема од овие, нема.“

32. Книжникот Му рече: „Добро, Учи­теле. Право кажа дека Бог е еден, и де­ка нема друг, освен Него;

33. и дека, да Го љубиш со сето срце, и со сиот разум, и со сета своја душа, и со сета сила, и да го љубиш ближниот свој како себеси е повеќе од сите сепаленици и жртви.“

Прочитајте целосна глава Марко 12