Нов Завет

Марко 11:9-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

9. А оние, што одеа пред Него и по Не­го, викаа и велеа: „Осана! Благословен е Оној што доаѓа во името Господово!

10. Благословено е царството на наши­от татко Давид, кое иде во името Гос­по­дово! Осана во висините!“

11. И влезе Исус во Ерусалим, во хра­мот, разгледа сѐ, па, бидејќи веќе беше доцна, излезе и отиде со дванаесетмината во Витанија.

12. А утредента, кога излегоа од Ви­та­нија, Тој огладне;

13. и откако оддалеку виде една смоква, покриена со лисја, се приближи, не би ли нашол нешто на неа; но, кога се доб­лижи до неа, не најде ништо освен лис­ја, зашто уште не беше времето за смокви.

14. И проговори Исус и ѝ рече: „Отсега никој довека да не вкуси плод од тебе!“ И го чуја тоа учениците Негови.

15. И пак дојдоа во Ерусалим. И откако влезе Исус во храмот, почна да ги брка оние, што продаваа и купуваа во хра­мот, и им ги преврте масите на менува­чите на пари и столовите на оние, што продаваа гулаби;

16. и не дозволуваше никој преку хра­мот да пренесе каков и да било сад.

17. И ги поучуваше, велејќи: „Не е ли напишано: ‚Домот Мој, дом за молитва на сите народи ќе се нарече‘? А вие од него направивте разбојничко гнездо!“

18. И кога го чуја тоа книжниците и првосвештениците, гледаа како да Го погубат, бидејќи се плашеа од Него, зашто сиот народ се восхитуваше на Неговото учење.

Прочитајте целосна глава Марко 11