6. Во почетокот на создавањето, пак, Бог ги создаде машко и женско.
7. Затоа човек ќе го остави татка си и мајка си, ќе се прилепи до жената своја
8. и обата ќе бидат во едно тело; и така, тие веќе не се двајца, туку едно тело.
9. А Бог што соединил, човек да не разделува.“
10. И во куќата, учениците Негови пак Го прашаа за тоа.
11. И им рече: „Кој ќе ја отпушти својата жена и се ожени со друга, тој прељубодејствува со неа;
12. а и жена, ако се одвои од својот маж и појде за друг, прељубодејствува.“
13. И донесуваа кај Него деца, за да се допре до нив, но учениците им забрануваа на оние што ги носеа.
14. И кога го виде тоа Исус, негодуваше и рече: „Оставете ги децата да доѓаат кај Мене и не бранете им, зашто на такви е царството Божјо.
15. Вистина ви велам, кој не го прима царството Божјо како дете, тој нема да влезе во него.“