Нов Завет

Марко 10:47-52 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

47. Па, кога чу дека е тоа Исус од На­зарет, почна да вика и да вели: „Исусе, сине Давидов, смилувај ми се!“

48. И мнозина му велеа да молчи, но тој уште повеќе викаше: „Сине Дави­дов, смилувај ми се!“

49. Исус застана и рече да го викнат. И го повикаа слепиот, говорејќи му: „Не плаши се, стани, те вика!“

50. А тој, кога ја фрли својата облека, стана и дојде кај Исус.

51. А Исус, одговарајќи му, го за­пра­ша: „Што сакаш да сторам за тебе?“ Слепиот Му рече: „Да прогледам, Учи­теле!“

52. А Исус му рече: „Оди си, верата твоја те спаси!“ И тој веднаш прогледа, па тргна патем по Исус.

Прочитајте целосна глава Марко 10