Нов Завет

Марко 10:40-49 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

40. но, да седнете од Мојата десна или лева страна, не е Мое да дадам, туку е за оние за кои е подготвено.“

41. Десетте, пак, штом го чуја тоа, не­годуваа против Јаков и Јован.

42. Исус, кога ги повика, им рече: „Зна­ете дека оние, што се сметаат за владетели народни, господарат над нив, и големците управуваат над нив.

43. Но меѓу вас нека не биде така; а кој меѓу вас сака да биде поголем, нека ви биде слуга;

44. и кој сака меѓу вас да биде прв, нека ви биде слуга на сите.

45. Зашто и Синот Човечки не дојде за да Му служат, но да послужи и да го да­де животот Свој за откуп на мнозина.“

46. Потоа пристигнаа во Ерихон. И ко­га излегуваше Исус од Ерихон со уче­ниците Свои и со многу народ, Тиме­евиот син, Вартимеј, кој беше слеп, седеше покрај патот и просеше.

47. Па, кога чу дека е тоа Исус од На­зарет, почна да вика и да вели: „Исусе, сине Давидов, смилувај ми се!“

48. И мнозина му велеа да молчи, но тој уште повеќе викаше: „Сине Дави­дов, смилувај ми се!“

49. Исус застана и рече да го викнат. И го повикаа слепиот, говорејќи му: „Не плаши се, стани, те вика!“

Прочитајте целосна глава Марко 10