33. „Ете, се искачуваме кон Ерусалим и Синот Човечки ќе биде предаден на првосвештениците и книжниците, и ќе Го осудат на смрт и ќе Го предадат на незнабошците.
34. И ќе Го исмеат, и ќе Го бијат, и ќе Го плукаат, и ќе го убијат, и на третиот ден ќе воскресне.“
35. Тогаш пристапија кон Него Заведеевите синови, Јаков и Јован и рекоа: „Учителе, сакаме да ни го исполниш она, што ќе го побараме.“
36. Тој ги праша: „Што сакате да сторам за вас?“
37. А тие Му одговорија: „Дај ни да седнеме до Тебе, едниот оддесно, а другиот одлево, во славата Твоја.“
38. Но Тој им рече: „Не знаете што барате! Можете ли да ја испиете чашата што ја пијам Јас и да се крстите со крштевањето, со кое се крштевам Јас?“
39. Тие одговорија: „Можеме.“ А Исус им рече: „Чашата, пак, што ја пијам Јас, ќе ја пиете и вие, и со крштевањето, со кое се крштевам Јас, ќе се крстите;
40. но, да седнете од Мојата десна или лева страна, не е Мое да дадам, туку е за оние за кои е подготвено.“
41. Десетте, пак, штом го чуја тоа, негодуваа против Јаков и Јован.
42. Исус, кога ги повика, им рече: „Знаете дека оние, што се сметаат за владетели народни, господарат над нив, и големците управуваат над нив.
43. Но меѓу вас нека не биде така; а кој меѓу вас сака да биде поголем, нека ви биде слуга;
44. и кој сака меѓу вас да биде прв, нека ви биде слуга на сите.
45. Зашто и Синот Човечки не дојде за да Му служат, но да послужи и да го даде животот Свој за откуп на мнозина.“
46. Потоа пристигнаа во Ерихон. И кога излегуваше Исус од Ерихон со учениците Свои и со многу народ, Тимеевиот син, Вартимеј, кој беше слеп, седеше покрај патот и просеше.