Нов Завет

Марко 10:25-41 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

25. Полесно камила ќе влезе низ иг­ле­ни уши, отколку богат во цар­ството Божјо.“

26. А тие се чудеа многу и си велеа ме­ѓу себе: „Тогаш, кој може да се спаси?“

27. Кога ги погледа Исус, им рече: „За луѓето тоа не е можно, но не и за Бога; зашто за Бога сѐ е можно!“

28. И Петар почна да Му говори: „Ете, ние оставивме сѐ и по Тебе одиме.“

29. А Исус одговори и рече: „Вистина ви велам: нема таков што оставил куќа, или браќа, или сестри, или татко, или мајка, или жена, или деца, или ниви, за­ради Мене и Евангелието,

30. а да не примил, и тоа сега, во ова време, стопати повеќе од куќи, и браќа, и сестри, и татко, и мајка, и деца, и нив­је, а во идниот век – и живот вечен.

31. И мнозина први ќе бидат последни, а последните – први.“

32. Кога беа на пат, искачувајќи се кон Ерусалим, Исус одеше пред нив, а тие се чудеа и одеа по Него со страв. И кога ги повика повторно дванаесетмината, почна да им зборува за она што ќе се случи со Него.

33. „Ете, се искачуваме кон Ерусалим и Синот Човечки ќе биде предаден на првосвештениците и книжниците, и ќе Го осудат на смрт и ќе Го предадат на незнабошците.

34. И ќе Го исмеат, и ќе Го бијат, и ќе Го плукаат, и ќе го убијат, и на третиот ден ќе воскресне.“

35. Тогаш пристапија кон Него За­ве­деевите синови, Јаков и Јован и рекоа: „Учителе, сакаме да ни го исполниш она, што ќе го побараме.“

36. Тој ги праша: „Што сакате да сто­рам за вас?“

37. А тие Му одговорија: „Дај ни да седнеме до Тебе, едниот оддесно, а дру­ги­от одлево, во славата Твоја.“

38. Но Тој им рече: „Не знаете што ба­рате! Можете ли да ја испиете чашата што ја пијам Јас и да се крстите со крш­тевањето, со кое се крштевам Јас?“

39. Тие одговорија: „Можеме.“ А Исус им рече: „Чашата, пак, што ја пијам Јас, ќе ја пиете и вие, и со крштевањето, со кое се крштевам Јас, ќе се крстите;

40. но, да седнете од Мојата десна или лева страна, не е Мое да дадам, туку е за оние за кои е подготвено.“

41. Десетте, пак, штом го чуја тоа, не­годуваа против Јаков и Јован.

Прочитајте целосна глава Марко 10