Нов Завет

Марко 10:2-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

2. И пристапија фарисеите и Го пра­шаа, искушувајќи Го: „Допуштено ли е, да ја остави мажот својата жена?“

3. А Тој им одговори и рече: „Како ви заповеда Мојсеј?“

4. Тие рекоа: „Мојсеј допушти да ѝ се даде разводно писмо и да се отпушти.“

5. Одговори Исус и им рече: „Поради тврдокорноста на вашето срце ви ја напишал таа заповед.

6. Во почетокот на создавањето, пак, Бог ги создаде машко и женско.

7. Затоа човек ќе го остави татка си и мајка си, ќе се прилепи до жената своја

8. и обата ќе бидат во едно тело; и та­ка, тие веќе не се двајца, туку едно те­ло.

9. А Бог што соединил, човек да не разделува.“

10. И во куќата, учениците Негови пак Го прашаа за тоа.

11. И им рече: „Кој ќе ја отпушти сво­ја­та жена и се ожени со друга, тој пре­љу­бодејствува со неа;

12. а и жена, ако се одвои од својот маж и појде за друг, прељубодеј­ствува.“

13. И донесуваа кај Него деца, за да се допре до нив, но учениците им забрануваа на оние што ги носеа.

14. И кога го виде тоа Исус, негодува­ше и рече: „Оставете ги децата да до­ѓа­ат кај Мене и не бранете им, зашто на такви е царството Божјо.

15. Вистина ви велам, кој не го прима царството Божјо како дете, тој нема да влезе во него.“

16. И откако ги прегрна, ги положи рацете врз нив и ги благословуваше.

Прочитајте целосна глава Марко 10