Нов Завет

Марко 10:16-31 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

16. И откако ги прегрна, ги положи рацете врз нив и ги благословуваше.

17. А кога излегуваше на пат, дотрча некој, падна на колена пред Него и Го праша: „Учителе добар, што треба да направам, за да наследам живот вечен?“

18. Исус му рече: „Зошто ме нарекуваш добар? Никој не е добар, освен еди­ниот Бог!

19. Заповедите ги знаеш: не прељу­бо­деј­ствувај; не убивај; не кради; не све­до­чи лажно; не чини неправда; почитувај ги татка си и мајка си.“

20. А тој Му одговори и рече: „Учи­те­ле, сето тоа сум го запазил уште од мла­доста своја.“

21. Кога го погледна Исус, му омиле, па рече: „Уште едно ти не­достасу­ва: оди и продај сѐ што имаш, раздај го на сиромаси и ќе имаш богатство на небо­то; па дојди и врви по Мене, кога ќе го земеш крстот.“

22. Тој се натажи кога ги чу овие зборови, и си отиде нажален, зашто има­ше големо богатство.

23. И кога погледна Исус, им рече на учениците Свои: „Колку е тешко за бо­гатите да влезат во царството Божјо!“

24. А учениците се уплашија од збо­ро­вите Негови. Но Исус пак им одговори и рече: „Чеда, колку им е тешко на оние, што се надеваат на богатството, да влезат во царството Божјо!

25. Полесно камила ќе влезе низ иг­ле­ни уши, отколку богат во цар­ството Божјо.“

26. А тие се чудеа многу и си велеа ме­ѓу себе: „Тогаш, кој може да се спаси?“

27. Кога ги погледа Исус, им рече: „За луѓето тоа не е можно, но не и за Бога; зашто за Бога сѐ е можно!“

28. И Петар почна да Му говори: „Ете, ние оставивме сѐ и по Тебе одиме.“

29. А Исус одговори и рече: „Вистина ви велам: нема таков што оставил куќа, или браќа, или сестри, или татко, или мајка, или жена, или деца, или ниви, за­ради Мене и Евангелието,

30. а да не примил, и тоа сега, во ова време, стопати повеќе од куќи, и браќа, и сестри, и татко, и мајка, и деца, и нив­је, а во идниот век – и живот вечен.

31. И мнозина први ќе бидат последни, а последните – први.“

Прочитајте целосна глава Марко 10