Нов Завет

Марко 10:1-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. И откако стана Исус оттаму, пре­ми­на во пределите Јудејски, отаде Јордан. И пак се слеваше народ кон Него; а Тој, по Својот обичај, пак ги поучуваше.

2. И пристапија фарисеите и Го пра­шаа, искушувајќи Го: „Допуштено ли е, да ја остави мажот својата жена?“

3. А Тој им одговори и рече: „Како ви заповеда Мојсеј?“

4. Тие рекоа: „Мојсеј допушти да ѝ се даде разводно писмо и да се отпушти.“

5. Одговори Исус и им рече: „Поради тврдокорноста на вашето срце ви ја напишал таа заповед.

6. Во почетокот на создавањето, пак, Бог ги создаде машко и женско.

7. Затоа човек ќе го остави татка си и мајка си, ќе се прилепи до жената своја

8. и обата ќе бидат во едно тело; и та­ка, тие веќе не се двајца, туку едно те­ло.

9. А Бог што соединил, човек да не разделува.“

Прочитајте целосна глава Марко 10