Нов Завет

Лука 7:28-35 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

28. Зашто ви велам: меѓу родените од жена нема ниеден поголем пророк од Јован Крстител; но најмалиот во царството Божјо е поголем од него.“

29. И сите луѓе, што слушаа, па и цариниците, го оправдаа Бога, крштевајќи се со крштевањето Јованово;

30. а фарисеите и закониците ја отфрлија Божјата волја за нив, и не се крстија од него.

31. А Господ рече: „Со кого да ги споредам луѓето од овој род? И кому се слични?

32. Тие личат на деца што седат по пазариштата и довикуваат едно на друго, велејќи: ‚Ви свиревме, а вие сепак не игравте; ви пеевме жални песни и сепак не плачевте!‘

33. Зашто, дојде Јован Крстителот, кој ниту леб јаде, ниту вино пие, а вие велите: ‚Демонот е во него.‘

34. Дојде Синот Човечки, Кој јаде и пие, а вие велите: ‚Еве човек јадач и винопиец, пријател на цариниците и грешниците!‘

35. А Мудроста беше оправдана од сите нејзини чеда.“

Прочитајте целосна глава Лука 7