Нов Завет

Лука 4:28-31 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

28. А кога го слушнаа тоа, сите во синагогата се исполнија со гнев;

29. па станаа, Го истераа надвор од градот и Го одведоа на врвот од еден рид, каде што беше соѕидан нивниот град, за да Го турнат одозгора.

30. Но Тој помина меѓу нив и си отиде.

31. И слезе во Капернаум, во градот Галилејски, и ги поучуваше во саботните денови.

Прочитајте целосна глава Лука 4