Нов Завет

Лука 21:6-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

6. „Ќе дојде време во кое од сето ова што го гледате нема да остане ниту камен, што не ќе биде урнат.“

7. И Го прашаа, говорејќи: „Учителе, а кога ќе биде тоа и каков е знакот дека тоа почнува да се случува?“

8. Тој рече: „Внимавајте да не ве прелажат! Зашто мнозина ќе дојдат под Мое име и ќе зборуваат дека сум Јас, и дека времето се приближи. Но, не одете по нив!

9. А кога ќе чуете за војни и бунтови, не плашете се; сето тоа треба најнапред да се случи, но крајот е веднаш.“

10. Тогаш им рече: „Ќе се крене народ против народ и царство против царство;

11. а на некои места ќе има и големи потреси, и глад и помор; ќе има страотни појави и големи знаци на небото.

12. А пред сето тоа ќе стават раце на вас и ќе ве гонат, предавајќи ве во синагогите и затворите, и ќе ве водат пред цареви и управници, заради Моето име.

13. И тоа ќе ви биде вам за сведоштво.

14. И затоа врежете во вашите срца, да не размислувате однапред што ќе одговорите,

15. зашто Јас ќе ви дадам уста и мудрост, на која не ќе можат да ѝ противречат ниту да ѝ се противстават сите ваши противници.

Прочитајте целосна глава Лука 21