Нов Завет

Лука 19:21-24 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

21. зашто се плашев од тебе, бидејќи си строг човек: земаш од каде што не си оставил и жнееш, каде што не си сеел.‘

22. А тој му рече: ‚Со твојата уста ќе ти судам, лукав слуго; ти знаеш дека сум строг човек: земам од каде што не сум оставил и жнеам, каде што не сум сеел;

23. тогаш, зошто не ги даде моите пари кај трговците, та кога ќе се вратам, да си ги соберам сосе добивка?‘

24. Па им рече на присутните: ‚Земете ја од него мината и дајте му ја на оној, што има десет мини!‘

Прочитајте целосна глава Лука 19