Нов Завет

Лука 19:11-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

11. А на оние што го слушаа ова, им кажа и една парабола, бидејќи беше близу до Ерусалим и тие мислеа дека веднаш ќе се појави царството Божјо,

12. па рече: „Еден благородник заминуваше во далечна земја да прими царска власт за себе и потоа да се врати.

13. Тогаш ги повика своите десет слуги, им даде десет мини и им рече: ‚Тргувајте со нив, додека да се вратам!‘

Прочитајте целосна глава Лука 19