Нов Завет

Лука 19:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Потоа влезе Исус во Ерихон и минуваше низ него.

2. И ете, еден човек по име Закхеј, кој беше началник на цариниците, и беше богат,

3. настојуваше да види Кој е Тој Исус, но не можеше од народот, зашто беше низок по раст.

4. Затоа потрча напред и се качи на една дива смоква за да Го види, бидејќи покрај неа требаше да помине.

5. Исус, пак, кога дојде на тоа место, погледна нагоре, го виде и му рече: „Закхеј, слези побргу, зашто денес треба да бидам во твојот дом.“

Прочитајте целосна глава Лука 19