Нов Завет

Лука 10:3-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

3. Одете! Ете, Јас ве испраќам како јагненца среде волци.

4. Не носете со себе ниту ќесе, ниту торба, ниту обувки и никого патем не поздравувајте!

5. И во секоја куќа во која ќе влезете, прво кажете: ‚Мир во овој дом!‘

6. Па, ако биде таму синот на мирот, вашиот мир ќе почива на него; инаку, тој ќе се врати во вас;

7. и во таа куќа останете, јадете и пијте што ќе ви дадат; зашто работникот ја заслужува својата награда. Не преместувајте се од куќа в куќа.

8. И во секој град во кој ќе влезете, и ќе ве примат, јадете што ќе ви се принесе;

9. лекувајте ги болните што се во него и говорете им: ‚Се приближи до вас царството Божјо.‘

10. А во кој, пак, град влезете и не ве примат, излезете по улиците негови и кажете:

11. ‚И правот од вашиот град што се прилепил на нас, ви го истресуваме; но знајте го тоа, дека се приближи царството Божјо.‘

12. Ви велам дека во оној ден на Содом ќе му биде полесно, отколку на тој град.“

Прочитајте целосна глава Лука 10