Нов Завет

Лука 10:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Потоа Господ назначи и други седумдесет и ги испрати пред Себе по двајца во секој град и место, каде што и Сам сакаше да оди,

2. и им рече: „Жетвата е голема, а работниците се малку; затоа молете Го Господарот на жетвата да испрати работници за жетвата Своја.

3. Одете! Ете, Јас ве испраќам како јагненца среде волци.

4. Не носете со себе ниту ќесе, ниту торба, ниту обувки и никого патем не поздравувајте!

5. И во секоја куќа во која ќе влезете, прво кажете: ‚Мир во овој дом!‘

Прочитајте целосна глава Лука 10