Нов Завет

Лука 10:1-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Потоа Господ назначи и други седумдесет и ги испрати пред Себе по двајца во секој град и место, каде што и Сам сакаше да оди,

2. и им рече: „Жетвата е голема, а работниците се малку; затоа молете Го Господарот на жетвата да испрати работници за жетвата Своја.

3. Одете! Ете, Јас ве испраќам како јагненца среде волци.

4. Не носете со себе ниту ќесе, ниту торба, ниту обувки и никого патем не поздравувајте!

5. И во секоја куќа во која ќе влезете, прво кажете: ‚Мир во овој дом!‘

6. Па, ако биде таму синот на мирот, вашиот мир ќе почива на него; инаку, тој ќе се врати во вас;

7. и во таа куќа останете, јадете и пијте што ќе ви дадат; зашто работникот ја заслужува својата награда. Не преместувајте се од куќа в куќа.

8. И во секој град во кој ќе влезете, и ќе ве примат, јадете што ќе ви се принесе;

9. лекувајте ги болните што се во него и говорете им: ‚Се приближи до вас царството Божјо.‘

10. А во кој, пак, град влезете и не ве примат, излезете по улиците негови и кажете:

11. ‚И правот од вашиот град што се прилепил на нас, ви го истресуваме; но знајте го тоа, дека се приближи царството Божјо.‘

12. Ви велам дека во оној ден на Содом ќе му биде полесно, отколку на тој град.“

13. „Тешко тебе, Хоразине! Тешко тебе, Витсаидо! Зашто, ако во Тир и Сидон се случеа чудата што се случија кај вас, тие одамна, седејќи во вреќи и пепел, ќе се беа покајале.

Прочитајте целосна глава Лука 10