Нов Завет

Лука 1:68-80 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

68. „Благословен да е Господ, Бог Израилев, зашто го посети и го избави народот Свој;

69. и подигна за нас моќно спасение, во домот на Давид, Својот слуга;

70. како што говореше одамна преку устата на Своите свети пророци,

71. дека ќе нѐ спаси од непријателите наши и од рацете на сите што нѐ мразат;

72. за да ја пројави милоста над татковците наши и да се сети на светиот завет Свој,

73. на заклетвата, со која му се заколна на Авраам, нашиот татко, дека ќе ни даде:

74. избавување од рацете на непријателите наши, без страв да Му служиме

75. во светост и правда пред Него, во сите дни од нашиот живот.

76. А ти, дете, ќе се наречеш пророк на Севишниот, зашто ќе одиш пред Господовото лице за да Му Го приготвиш патот Негов;

77. и да му дадеш на народот Негов сознание за спасение, преку проштевање на гревовите нивни,

78. заради големото милосрдие на нашиот Бог, со која нѐ посети Исток од висините,

79. за да им блесне на оние што седат во темнина и во сенка смртна, и да ги упати нозете наши по патот на мирот.“

80. А детето растеше и крепнеше со духот; и беше во пустина до денот кога му се јави на Израил.

Прочитајте целосна глава Лука 1