Нов Завет

Лука 1:58-66 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

58. Кога слушнаа соседите и роднините нејзини, дека ја удостоил Господ со Својата милост, се радуваа со неа.

59. На осмиот ден дојдоа да го обрезат детето и сакаа да му го дадат името на татко му Захарија.

60. Но мајка му одговори и рече: „Не, туку ќе се вика Јован!“

61. Ѝ рекоа нејзе: „Никој нема меѓу твоите роднини кој го носи тоа име.“

62. И го прашаа со знаци татко му, како би сакал да го наречат.

63. Тој побара штичка и ги напиша зборовите: „Јован му е името.“ И сите се зачудија.

64. И веднаш му се отвори устата негова и јазикот негов, и зборуваше, благословувајќи Го Бога.

65. И ги обзеде страв сите соседи; и се разгласи за овој настан по целата горска Јудеја.

66. Сите што слушнаа, го зедоа тоа при срце и велеа: „Што ли ќе стане од тоа дете?“ И раката Господова беше со него.

Прочитајте целосна глава Лука 1