48. зашто погледна на смиреноста на слугинката Своја, и ете, отсега ќе ме нарекуваат блажена сите поколенија;
49. зашто Силниот ми направи големи дела, и свето е Неговото име;
50. и милоста Негова е од колено на колено за оние што се бојат од Него.
51. Тој покажа сила со раката Своја; ги распрсна оние што се возгордеаја со мислите во срцата свои;
52. ги симна силните од престоли и ги воздигна понижените;
53. гладните ги исполни со добра, а богатите ги отпушти празни;
54. го прифати Израил, Својот слуга, сеќавајќи се на милоста,
55. како што им зборуваше на татковците наши, на Авраам и на семето негово довека.“
56. И остана Марија со неа околу три месеци, па се врати дома.
57. А на Елисавета ѝ дојде времето да роди и таа роди син.
58. Кога слушнаа соседите и роднините нејзини, дека ја удостоил Господ со Својата милост, се радуваа со неа.
59. На осмиот ден дојдоа да го обрезат детето и сакаа да му го дадат името на татко му Захарија.
60. Но мајка му одговори и рече: „Не, туку ќе се вика Јован!“
61. Ѝ рекоа нејзе: „Никој нема меѓу твоите роднини кој го носи тоа име.“